Родниот град на Шумахер уништен од рудник за лигнит

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Градот Керпен на западот на Германија, каде што се родени и израснати браќата Михаел и Ралф Шумахер, ќе биде напуштен и уништен. Причина за ваквата тажна судбина на Керпен е проширувањето на рудникот за лигнит, кој се наоѓа во северозападниот дел на градот.

Според медиумите во Германија, во градот во моментов останале да живеат само одреден број луѓе, кои во најбрз можен рок ќе бидат преселени. Ископувањата за проширување на рудникот треба да започнат на почетокот на 2024 година.

Некои од локалните атракции, наводно, ќе бидат зачувани за време на ископувањето, вклучително и патеката за картинг во сопственост на семејството Шумахер. На неа се одржа првата трка меѓу Михаел Шумахер и Луис Хамилтон. Тоа се случи во 2001 година на финалето на светската картинг серија!

Покрај двајцата седумкратни светски шампиони во Ф1, на таа трка учествуваше уште еден светски шампион – Нико Розберг. Заедно со нив тројца на стартот беа Витантонио Лиуци и Гвидо ван дер Гарде, кои исто така стигнаа до Формула 1 неколку години подоцна, но ги немаа успесите на Шумахер, Хамилтон и Розберг.

Share This Article