Родителите на убиените и ранетите деца ги тужат мајката и таткото на момчето убиец

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Родителите на убиените и на повредени ученици од основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград подготвуваат тужби против таткото и мајката на момчето (13), кој го изврши масакрот во ова белградско училиште на 3 мај, дознава српскиот весник „Курир“.

Според добро упатен извор, родителите на настраданите веќе ангажирале адвокати, кои подготвуваат приватни тужби.

„Неутешните родители на настраданите од училиштето во Врачар одлучија правдата да ја бараат на суд и ќе ги тужат родителите на момчето кое им нанесе незамисливо страдање. Со оглед на тоа што момчето кое ги уби нивните деца не одговара кривично бидејќи немало навршено 14 години во моментот на делото, а не може да му се суди според законот, мајките и татковците на убиените и ранетите деца решиле да поведат постапка пред суд“, вели изворот.

Адвокатката Славка Бабиќ за „Курир“ објаснува дека родителите имаат право да поднесат тужба против родителите на малолетникот.

Taткото на момчето убиец е во притвор поради сомнение дека сторил кривично дело против општата безбедност бидејќи, како што се сомнева, го обучувал својот малолетен син да пука на стрелиште и не го обезбедил соодветно сефот во кои ги чувал пиштолите, за кои има дозвола. Мајката на момчето е на суд и против неа е поведена предистражна постапка за да се утврди дали можеби сторила кривично дело запуштање на малолетно лице.

Поминаа 40 дена од невиденото злосторство кое во црно ја зафати цела Србија, а споменот го чествуваат семејствата на жртвите.

Share This Article