Претседателот на Република Српска и лидер на СНСД, Милорад Додик вчера наполни 64 години, а роденденот го прослави со семејството и пријателите.
Како и обично, кога станува збор за прославите, Додик повторно се фати до микрофонот и овој пат со својата мајка ја отпеа песната „Српкиња е ме мајка родила“.
– „Ме роди мајка Србинка“ е една од моите омилени песни. Среќен сум кога можам да го пеам со мајка ми – напиша Додик.
Додик на социјалните мрежи објави и фотографија од роденденската прослава.