Саудискиот фудбалски прволигаш Ал Кадисија денеска неочекувано му врачи отказ на тренерот Роби Фаулер, и покрај одличните резултати што ги забележа под водство на поранешниот англиски репрезентативец.
Саудискиот клуб под водство на Фаулер е првопласиран на табелата со 20 бодови по осум одиграни кола и единствена екипа без пораз во првенството.
По воведните осум натпревари Фаулер го предводеше Ал Кадисија до шест победи и две нерешени, а единствениот пораз го претрпе во саудискиот куп во септември.
Отказот за Фаулер доаѓа една недела откако легендарниот англиски фудбалер беше прогласен за тренер на месецот во саудиското првенство.