Познатиот моден креатор Роберто Кавали почина вчета во Фиренца на 83-годишна возраст. Познат беше по своите уникатни модели, но и по екстравагантниот живот. Кавали зад себе остави две сопруги, една љубовница и шест деца. Најмалиот син има само една година.
Кавали од 2008 година беше во врска со 45 години помлада шведска манекенка Сандра Нилсон, на која по возраст може да и биде дедо, а зад себе има два брака од кои има 5 деца.
Неговата врска со Сандра предизвика вистинска лавина од коментари на социјалните мрежи, но Кавали воопшто не се грижеше за тоа. Тој уживаше во друштво со шведската убавица и сакаше да и обезбеди удобен живот. Кавали на Сандра Нилсон и купил, верувале или не, цел остров. И додека многумина велеа дека атрактивната Швеѓанка со него од интерес, двојката лани со светот ја споделија веста дека станале родители на синот Џорџо кој го носи името на таткото на Роберто Кавали.