Холивудскиот ветеран Роберт де Ниро (80) во мај доби уште едно дете. Актерот за првпат јавно ја откри веста во текот на интервјуто за „ЕТ Канада“ додека зборуваше за својот нов филм „За мојот татко“.
Пред само неколку дена тој призна дека неговата девојка Тифани Чен ги прави повеќето „тешки работи“ кога станува збор за одгледување на нивната шестмесечна ќерка Џиа.
Де Нито искрено зборувал за татковството, подигањето на седмото бебе, односно првото дете со Тифани, во интервјуто за „Гардијан“.
На прашањето дали татковството станува „полесно“ со текот на времето, Де Ниро признал дека не е така. Тој сепак ја пофалил својата партнерка за нејзината безусловна поддршка во воспитувањето на нивната ќерка.
– Не станува полесно. Тоа е што е. Добро е. Мислам, не работам „напорна работа“. Тука сум, ја поддржувам мојата девојка. Но, таа ја врши работата. И имаме помош, што е многу важно – раскажал Де Ниро.
Покрај новородената ќерка Џиа, актерот има уште шест деца од претходните врски. Де Ниро и неговата прва сопруга Дијана Абот имаат ќерка Дрина (52) и син Рафаел (46). Во 1995 година тој ги доби близнаците Џулијан и Арон (27) со неговата поранешна девојка Таки Смит. Тој исто така ги има 25-годишниот син Елиот и 11-годишната ќерка Хелен Грејс со поранешната сопруга Грејс Хајтауер.
Говорејќи за „Гардијан“, Де Ниро размислувал за некои работи во кои најмногу уживал како родител.
– Со бебе е поинаку отколку со мојата 11-годишна ќерка. Моите возрасни деца. Моите внуци. Сѐ е различно – рече тој.
Актерот исто така опишал како неговиот однос со постарите и помалите деца се разликуваат.
– Па, јас не зборувам со возрасните деца како што зборувам со моето бебе. Или начинот на којшто зборувам со мојата 11-годишна, иако е прилично паметна.