Роберт де Ниро го загуби својот 19-годишен внук. Според медиумите, неговиот внук, познат како Леандро де Ниро, беше пронајден мртов вчера.
Она што ги потресе е тоа што покрај телото на момчето е пронајден сад со ќесе во кое имало бела прашкаста материја.
„Длабоко сум потресен од смртта на мојот сакан внук Лео. Многу сме благодарни за сите изрази на сочувство. Ве молиме за приватност за да можеме да жалиме за загубата на Лео“, изјави актерот за „Пејџ сикс“.
Веста за смртта ја сподели мајката на Леандро, Дрена Де Ниро.
– Мојот прекрасен сладок ангел. Те сакав неописливо од моментот кога те почувствував во мојот стомак. Ти беше мојата радост, моето срце и сѐ што беше чисто и реално во мојот живот. Посакувам да бев со тебе во моментов. Не знам како да живеам без тебе, но ќе се обидам да продолжам и да ја ширам љубовта и светлината што ми ги даде да ги почувствувам кога станав твоја мајка. Беше длабоко сакан и почитуван и посакувам да можеше љубовта да те спаси. Многу ми е жал, дете мое. Почивај во мир и вечен рај, мило мое момче – напиша таа во објава на Инстаграм.