More

    РКЕ до крајот на месецов ќе донесе одлука за цената на парното во Скопје што ќе важи од следниот месец

    spot_img

    Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) до крајот на месецов ќе донесе одлука за цената на парното во Скопје што ќе важи од следниот месец, потврди за МИА претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

    Според првиот човек на РКЕ, започнати се активностите за поставување на топловодот под мостот „Беласица“ во Скопје што беше опожарен, со што  се исполнуваат предусловите кои РКЕ ги бара четири месеци за да може да донесе одлука за цената на струјата.

    -Со тоа РКЕ сега ќе отпочне со пресметките за нова цена на парното што ќе стартува да важи од ноември. Финалната одлука ќе биде донесена кон крајот на месецов – вели Бислимоски.

    Тој информира дека комисијата веќе остварила комунијација со трите државни компании кои се задолжени за парното.

    – Одржавме состанок со трите државни компании на ЕСМ за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија кои реферираа како се одвива стартот на грејната сезона и кои се предизвиците со кои се соочуваат во овие изминати 10 дена. Иако е факт дека температурите се потопли од очекуваните, сепак во секоја грејна сезона постојат слаби точки кои се од техничка природа, а дел од нив се и поради човечки фактор, односно не се платени сметките за потрошена струја од страна на советите на зградите. Но, тоа се традиционални проблеми кои се случуваат и кои треба од година во година да се намалуваат преку зголемување на  свесноста  и кај операторот и кај потрошувачите – вели Бислимоски.

    Тој нагласи дека претходно БЕГ, а сега и ЕСМ дистрибуција на топлина се соочи со специфична ситуација да не им биде дозволено на екипите да користат дел од инфраструктурата со која со топлинска енергија се снабдуваат одредени корисници на Водно.

    -За тоа има соодветни правни постапки. Сепак, во моментов проблемот е решен и снабдувањето се одвива непречено – рече Бислимоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img