More

    Ристо Вуков викендов го освојува Хунгароринг, од трибините ќе го бодрат поддржувачите од СН Групацијата

    spot_img

    Вниманието на светската јавност претстојниот викенд ќе биде насочено кон познатата патека Хунгароринг во близина на Будимпешта, каде од 21 до 23 јули се одржува Формула заедно со Порше Мобил 1 Суперкуп, најконкурентниот и најелитниот светски шампионат на кружни патеки во автомобилизам како главен поддржувач на Формула 1 веќе 30 години.
    Она што е карактеристично за Порше Мобил 1 Суперкуп е тоа што се вози заедно со Формула 1 на осум заеднички гранд при викенди, а се до оваа сезона немало македонски автомобилист кој учествувал на овој суперкуп.
    Ситуацијата се промени годинава, со тоа што Ристо Вуков Рико е единствениот македонски автомобилист на Порше супер купот. Неговиот талент и посветеноста на тркачките патеки ги препозна СН Групацијата, во чиј состав СН Осигурителен брокер и СН Мото центар во улога на генерални спонзори обезбедија поддршка за учеството на Вуков на годинашниот суперкуп.
    Пред стартот на трките во Хунгароринг Вуков изјави дека е подготвен за големиот предизвик во Будимпешта и дека особено му значи што викендов од трибините лично ќе го бодрат претставници на СН Групацијата.
    Токму со таква цел во Будимпешта денеска дотпатуваа Претседателот на Одборот на директори на СН Осигурителен брокер АД Битола, Христо Кондовски, Главниот извршен директор на компанијата, Зоран Пејчиновски и менаџерите Роберт Ѓоргиевски и Илче Талевски.
    „Кога се тркате во толку голема и силна конкуренција од цел свет поддршката значи многу, уште повеќе што првите луѓе на СН Групацијата се тука во Хунгароринг за лично да ми изразат поддршка. Верувам дека ќе уживаат во трките како и целата публика. Јас интензивно се подготвував за оваа трка. Она што е многу значајно е тоа што со нас ќе се натпреварува некогашниот Формула 1 возач Тимо Глок како ВИП гостин. Патеката во Хунгароринг навистина ми лежи, така што за сите нас ова ќе биде уште едно возбудливо тркачко доживување. “-изјави Вуков, додавајќи дека овој викенд на трките се очекува и голем број посетители од Македонија и Србија.
    Инаку, Рико во Хунгароринг си ги одмерува силите со тркачкото возило Порше 992 ГТ3, модел со 510 коњски сили. Зад себе го има искуството на двократен европски шампион во картинг и единствен тогашен претставник од Балканот на Светското првенство во оваа категорија (2008-2009). По одличните резултати, се префрлува во автомобилизмот, каде постигнува значајни успеси на домашната, како и на меѓународната сцена.
    Тој е актуелен шампион на Македонија во класата Југо хибрид и првак во отвореното првенство на Србија во силна и бројна конкуренција. На крајот, неизбежно беше после сите овие резултати, во 2020 година, Рико да ја добие поканата од GDL Racing за да биде нивниот пилот во престижниот Порше Карера Куп Италија, каде настапуваше три години по ред.
    Оваа сезона неговата кариера ја одбележа префрлањето во Порше Суперкупот, кое е највисока форма на овие трки со легендарните ГТ возила.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img