Ревизорите со низа забелешки на финансиското работење на јавниот сервис

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Државниот завод за ревизија изрази „резерва во вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеност со законската регулатива, упатства и воспоставени политики“ за 2020 година на Јавното радиодифузно прептијатие Македонска радиотелевизија.

Во објавениот  Конечен ревизорски извештај од извршената ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2020 година на ЈП Македонска радиотелевизија наведува неколку клучни  состојби: не се донесени стратешки, плански, програмски и подзаконски акти; непрецизни одредби во актот за систематизација за дел од барањата и описот на работните задачи и неусогласени акти за пресметка на плата со важечките законски одредби; не е воспоставена единица за внатрешна ревизија; нецелосно спроведен попис на средствата и обврските; невоспоставено следење на преземените мерки за наплата на побарувањата постари од 5 години и неправилности во планирањето, доделувањето на договорите за јавни набавки и нивната реализација.

Ревизорите препорачуваат МРТ да донесе стратешки, плански, програмски и подзаконски акти; да го  прецизира и прилагодиописот на задачите во актот за систематизација со надлежностите и активностите кои се вршат, како и да ги  усогласи актите за пресметка на плата со законските прописи; да воспостави внатрешна ревизија; како и да спроведе целосен попис на средствата и обврските и да ги усогласи сметководствената со фактичката состојба; и да ја ажурира евиденција за следење на побарувањата и навремено преземање правни дејствија за ненаплатените побарувања од комитентите и подобрување на планирањето, начинот на спроведувањена постапките за јавни набавки, како и потребата од прецизни одредби во договорите за начинот на реализација на набавката и плаќањето.

Share This Article