Домашна супа од домати со кисела павлака и рен.
Состојки:
(за 4 лица)
– 2 главици кромид
– 1 пор
– 1 лажица масло
– 800 гр свежи домати
– 3/4 l бистра супа од зеленчук
– 2 лажици доматно пире
– 1-2 лажици свеж босилек
– 1-2 лажички сол
– 1 лажичка шеќер
– Малку бибер
Крем со рен:
– 1,5 dcl павлака
– 1-2 лажици рен
– бибер, по вкус
Подготовка:
На малку масло пропржете го сечканиот кромид. Додадете го празот и пржете уште неколку минути.
Додадете излупени свежи домати и доматно пире. Добро промешајте, додадете ја супата од зеленчук, покријте и варете околу 20 минути.
Промешајте со миксер со стапче. Загрејте ја супата, додадете го босилекот, шеќерот, солта и биберот.
Кремот со рен подгответе го на следниов начин, прво добро измешајте го кремот, додадете ситно сечкан рен и бибер. Оставете во фрижидер до сервирање.
Послужете ја супата од домати со една или две лажици крем од рен.
Добар апетит!