Renault 4 се враќа! Оваа вистинска икона која го промени начинот на кој луѓето патуваа беше вистинска „Катица за сите“.Популарно познат како „Малиот џин“, Renault 4 беше автомобил за секого и за секоја намена – од одење на море до транспорт на материјали за викендицата.
Ретро – футуристички
Renault сега одлучи да го врати овој модел на сцена, но во помодерна и поелектрична верзија. Сепак, треба да ја задржи ДНК на оригиналниот модел, што значи многу простор во кабината и можност да се оди насекаде.
Рено
Самиот изглед е, како што велат Французите, ретро – футуристички – и остава впечаток дека може да оди и надвор од патот.Целосното име Renault 4 E-Tech има задача да ги претстави електричните автомобили пред пошироката публика, а во тоа би требало да му помогне досег од 400 километри.