Рекорден број учесници од 55 земји на јубилејниот 20. Виз Ер маратон

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

За јубилејниот 20. Виз Ер Скопски маратон пријавени се рекордни 13.400 учесници од 55 земји. Ова на денешната прес-конференција го соопшти Кире Синадиновски, директор на маратонот.

– Срушен е бројот на учесници од 2019 година кога имавме 12.450 натпреварувачи. Големо зголемување бележиме од минатата година кога имаше 11.000 учесници. Интересот е огромен и од домашните и од странските тркачи – додаде Синадиновски.

Најмасовниот спортски настан во Македонија годинава е поддржан од министерството за спорт.

– Како ресорен министер можам да кажам дека од денес па натаму, барем додека јас сум министер, овој маратон ќе ја има поддршката затоа што негуваме исти вредности, вредности по кои сакаме да се водиме ние во министерството и да бидеме пример во општеството. Верувам дека маратонот ќе биде успешен како и претходните – рече министерот за спорт, Борко Ристовски.

Виз Ер Скопски маратон 2024 ќе се одржи в недела со почеток во 8 часот. Предвидени се маратон, полумаратон, штафетен маратон и трка на 5 километри.

Стартните пакети натпреварувачите ќе можат да ги подигнат утре и в сабота.

Од македонските маратонци своето учество го пријави и Дарио Ивановски, најдобриот наш маратонец кој успеа да закрепне од повредата здобиена на Олимпијадата во Париз.

Share This Article