More

    Рејтинг агенцијата „Мудис“ ја намали прогнозата за рејтингот на американската влада од стабилен на негативен

    spot_img

    Рејтинг агенцијата „Мудис“ ја намали прогнозата за рејтингот на американската влада од стабилен на негативен, со што ги потврди растечките ризици за фискалната стабилност на земјата, пишуваат американските медиуми.

    Во својот последен извештај, агенцијата за рејтинг соопшти дека рејтингот на САД „ААА“ стана негативен поради опаѓањето на фискалната сила на земјата.

    „Во контекст на повисоки каматни стапки, без ефективни мерки на фискалната политика за намалување на владините трошења или зголемување на приходите се очекува дека американскиот фискален дефицит ќе остане многу голем, што значително ќе ја ослабне достапноста на долгот“, наведе агенцијата.

    Агенцијата смета дека и превирањата во Вашингтон се фактор што придонесува за тоа намалување на рејтингот.

    „Континуираната политичка поларизација во американскиот Конгрес го зголемува ризикот следните администрации да не можат да постигнат консензус за фискален план што ќе го забави падот на достапноста на долгот“, соопшти рејтинг агенцијата.

    Што се однесува до задржувањето на рејтингот „ААА“ на земјата, Агенцијата очекува САД „да ја задржат својата исклучителна економска сила“.

    „Понатамошните позитивни изненадувања за раст на среден рок би можеле барем да го забават влошувањето на достапноста на долгот“, исто така верува агенцијата.

    Американската администеација изјави дека не се согласува со одлуката на „Мудис“

    -Иако „Мудис“ го одржува рејтингот „ААА“ на Соединетите држави, ние не се согласуваме со потегот кон негативна перспектива. Економијата на САД останува силна, а државните трезори се најбезбедното и најликвидното средство во светот – изајви заменик-секретарот за финансии на САД, Воли Адејемо.

    Намалувањето на рејтингот доаѓа кога Конгресот повторно се соочува со заканата од затворање на владата. Во моментов тој се финансира до 17 ноември, но пратениците во Вашингтон и понатаму се расправаат околу нацрт-законот пред крајниот рок.

    Кредитниот рејтинг на САД  претходно го намалија и агенциите „Фич“ и „Стандард и Пурс“.

    „Стандард и Пурс“ првпат го намали рејтингот на САД во 2011 година, откако беше достигната границата на долгот. Во август годинава „Фич“ го намали кредитниот рејтинг на САД по последната дебата за „плафонот“ на долгот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img