Регулаторната комисија за енергетика објави извештај

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика. Во продолжение Ви проследуваме соопштение од компанијата РЕС ДООЕЛ, поврзано со податоците објавени во годишниот извештај на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги за 2023 година, кој е во прилог на оваа порака (соопштението се однесува за делот помеѓу 88-91 стр.)

„РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар и најголем дел од стопанството добива електрична енергија од РЕС, објави Регулаторната комисија за енергетика.

РЕС (Renewable Energy Supply) сам држи речиси една третина од пазарот, а останатиот дел го делат други 20 снабдувачи.

Во 2023 година РЕС продал 609.771 MWh електрична енергија, или 28,84% од вкупната енергија на слободниот пазар, додека во снабдувањето на големите субјекти држи дури 34% од пазарот.

Покрај на големите потрошувачи, РЕС дава исклучително поволни и поевтини понуди за снабдување и на мали потрошувачи и нивниот број во балансната група на РЕС постојано расте, особено од почетокот на 2024 година.

Компанијата во моментот бележи уште повисоки резултати и снабдува над 900 клиенти, со предвидена годишна количина од околу 700.000 MWh електрична енергија.

РЕС е формиран во 2022, а годинава се најде на листата на ТОП 100 компании со најголема добивка во 2023 година“.

Share This Article