Регулаторна ги обзнани новите цени на горивата

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Цената на бензинот од полноќ останува иста, додека цената на дизелот се зголемува за четири денари по литар одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ).

Со оваа одлука, како што посочуваат од РКЕ, се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,17 проценти во однос на одлуката од 22-ри месецов.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) исто така се зголемува за 2,50 денари по литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,238 денари по килограм.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 изнесува 79 денари по литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава по 81 денари по литар, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 81 денари по литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) ќе изнесува 78 денари по литар, а цената на мазутот М-1 НС – 53,592 денари по килограм.

„Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,031 отсто, кај дизелот за 4,672 отсто, кај екстра лесното масло за 4,823 отсто и кај мазутот за 1,989 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,142 отсто“, соопшти РКЕ.

Share This Article