Денес се пријавени 22 починати лица како последица на коронавирусот, регистрирани 838 нови лабораториски позитивни случаи на ковид-19, а оздравени се 1.140 пациенти, информираше министерството за здравство.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 4.078 тестови, а регистрирани се 838 нови случаи на ковид-19 од Скопје – 430, Велес – 52, Битола – 42, Куманово – 40, Тетово – 34, Прилеп – 33, Струмица – 23, Кавадарци – 22, Кичево – 19, Неготино – 17, Охрид – 16, Штип – 15, Гостивар – 14, Гевгелија и Ресен – по 12, Кочани – 10, Радовиш – 9, Струга – 8, Дебар – 7, Крива Паланка – 4, Делчево, Валандово, Виница и Демир Хисар – по 3, Богданци – 2, Свети Николе, Берово, Кратово, Крушево и Пехчево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (838), регистрирани се 118 реинфекции.
Регистрирани сe 1.140 оздравени пациенти од Скопје – 413, Битола – 98, Кавадарци – 97, Велес – 91, Тетово – 61, Гостивар – 49, Струмица – 43, Куманово и Кичево – по 41, Неготино – 38, Гевгелија – 29, Свети Николе – 25, Охрид – 19, Кочани – 15, Прилеп – 14, Штип и Крива Паланка – по 10, Демир Капија – 8, Ресен и Валандово – по 7, Виница – 6, Струга и Дебар – по 5, Богданци – 3, Делчево – 2, Демир Хисар, Крушево и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 20 починати лица: 10 починати лица од Скопје (69, 73, 76, 77, 77, 80, 81, 83, 84 и 85), три починати лица од Тетово (64, 72 и 74) и по едно од Кочани (70), Кратово (84), Крива Паланка (71), Куманово (68), Неготино (83), Прилеп (83) и Струмица (78). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 2 починати лица од Скопје (2). Починатите лица се на возраст од 77 и 86 години. Лицата за починати се пријавени во период од 03.02. до 14.02.2022. Починатите лица се починати во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица, кај 22 лица се регистрирани коморбидитети.
Направени се 4.078 тестови преку: ИЈЗ-326, ЦЈЗ Скопје-72, ЦЈЗ Битола-103, ЦЈЗ Прилеп-65, ЦЈЗ Тетово-6, ЦЈЗ Куманово-90, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–142, Жан Митрев (Филип Втори)-85, Авицена-132, Биотек-167 Систина-76, лабораторија Лаор-210, Синлаб-27, Ремедика-19, Плодност-53, Генеа-26, Никоб Лаб-441, ВФВ Медикал-88, Ели Медика-38, Ројал Медика–10, Спектра-ММ-23, Рапид Лаб–19, Жан Митрев Струмица–13, Нова Лаб Дијагностика–11, Рамус-21, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.815.
Досега во земјата се направени вкупно 1.866.119 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 292.660, бројот на оздравени пациенти е 275.948, на починати е 8.891, а бројот на активни случаи изнесува 7.821.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 135.409, активни 4.479, Куманово 15.980, активни 337, Битола 14.009, активни 371, Прилеп 13.406, активни 234, Тетово 13.282, активни 283, Кавадарци 9.968, активни 252, Гостивар 9.315, активни 139, Велес 9.278, активни 313, Охрид 8.430, активни 151, Штип 7.865, активни 99, Струмица 7.831, активни 183, Кичево 5.310, активни 118, Кочани 4.905, активни 69, Струга 4.607, активни 77, Гевгелија 4.152, активни 110, Неготино 3.573, активни 121, Свети Николе 2.607, активни 39, Ресен 2.548, активни 69, Радовиш 2.473, активни 74, Крива Паланка 2.346, активни 42, Делчево 1.877, активни 20, Берово 1.702, активни 20, Дебар 1.594, активни 44, Валандово 1.515, активни 38, Виница 1.361, активни 17, Пробиштип 1.281, активни 9, Богданци 983, активни 32, Кратово 923, активни 19, Крушево 872, активни 15, Демир Хисар 810, активни 15, Македонски Брод 681, активни 10, Демир Капија 538, активни 10, Македонска Каменица 519, активни 1, Пехчево 456, активни 9 и Дојран 254, активни 2.