Во последните 3 дена, од 6 мај до 8 мај, направени се 2.777 тестови, а регистрирани се 159 нови случаи на ковид-19. Од вкупниот број позитивни, регистрирани се 25 реинфекции.
Во текот на изминатите 3 дена е пријавено едно починато лице од Охрид (82 години). Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин, дополнително се регистрирани 2 починати лица од Скопје (58 години и 83години).
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот наепидемијата изнесува 310.298, бројот на оздравени пациенти е 300.433, на починатие 9.287, а бројот на активни случаи изнесува 578.