Регионот во следните денови ќе биде зафатен со снежен бран. Поради провод на поладен воздух од север, во Македонија од сабота, а особено од почетокот на следната седмица можат да се очекуваат обилни врнежи од снег, најавува познатиот прогнозер Славчо Попоски.
Тој вели дека во источните предели може да се очекува снежна покривка од 5 до 10 сантиметри, локално и повеќе, „додека во западните предели таа ќе биде најголема и ќе биде со висина од 10 до 20 сантиметри, а понекаде и над 30 сантиметри. Помала снежна покривка се очекува да се формира и во Скопје и околината“.
Попоски смета дека на пониските места од утре попладне прво ќе има дожд, а снег на планините и дека до 24 декември покривката на местата на поголеми надморски височини ќе изнесува близу 100 сантиметри. Ветрот, според оваа прогноза, ќе се засили и на некои места ќе дува со брзина и од над 65 километри на час.