More

    Регионална конференција „Сметководството во регионот – трендови, предизвици, стандарди и перспективи“

    spot_img

    Во организација на Институтот за сметководители и овластени сметководители (ИСОС), утре (28 март 2024) во Скопје ќе се одржи регионалната конференција „Сметководството во регионот – трендови, предизвици, стандарди и перспективи“. Ова е прва конференција од ваков формат што се одржува во нашата земја.

    На конференцијата, која ќе се одвива под мотото „Во бројките веруваме (In numbers we trust)“, се очекува да учествуваат околу 300 сметководители од нашата земја, претставници на професионални организации на сметководители и финансиски работници од регионот, претставници на институции, организации и компании од земјава, како и домашни, регионални и меѓународни експерти од областа.

    Главната цел на конференцијата е да се иницира дискусија со која ќе се зголеми свесноста во општеството за актуелната состојба, предизвиците и перспективите за развој на сметководствената професија во нашата земја, имајќи ги предвид искуствата на земјите во регионот, ставовите и препораките на експертите, како и на претставниците на институциите и бизнис секторот.

    Во рамки на конференцијата планирано е да се одржат три панел-дискусии посветени на патот до членство во Меѓународната федерација на сметководители (IFAC), за состојбите и предизвиците со кои се соочува сметководството во регионот, како и за актуелната положба и перспективите за натамошен развој на сметководствената професија во Македонија. Конференцијата ќе ја отворат претседателката на ИСОС Весна Прентоска, претседателот на Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија Горан Рафајловски и министерот за финансии Фатмир Бесими.

    Дополнително, една од целите на собирот е да се поттикне и поголема соработка помеѓу професионалните сметководители во регионот, преку размена на најдобри практики, искуства и едукација, за што е предвидено да се постави рамка за отпочнување поактивна соработка помеѓу организациите на сметководителите во нашиот регион.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img