Редици пред продавниците има во повеќе градови (ВИДЕО)

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Бугарин на 77-годишна возраст почина додека чекаше во ред да  купи масло за јадење во супермаркет Бургас, објавија бугарските медиуми.

Мажот чекал во ред од 300 метри да купи масло за јадење кое било на промаоција од 2,99 лева за литар масло.

-Човекот почина во продавницата. Тој беше турнат и му се слоши. Беше лудо. Луѓето велеа дека паднал, помодрел и умрел. Редот беше огромен – изјави очевидец за бугарските медиуми.

Редoви за масло за јадење има и во другите бугарски градови, а некои продавници во главниот град веќе вовеле и ограничување на количините на масло за јадење кои се за продажба, бидејќи го складираат во своите магацини.

Бугарски граѓаните на фејсбук споделуваат видеа од турканиците во продавниците.

Share This Article