Речиси 400 парламентарци од 32 земји-членки на НАТО и од 25 земји партнери и парламентарни организации ќе учествуваат на пролетната сесија на Парламентарното собрание на Алијансата од денеска до 27 мај, во Софија, соопшти прес-центарот на Народното собрание, кој е домаќин на форумот.
Учесниците на пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО ќе разговараат за клучните теми од евроатлантската одбранбена и безбедносна агенда со фокус на поддршката за Украина и приоритетите на претстојниот самит на НАТО во Вашингтон, во јули.
Пратениците денеска и утре ќе учествуваат во работата на петте комисии на Парламентарното собрание, ќе расправаат за нацртите на нивните извештаи и ќе ги усвојат клучните политички препораки.
На отворањето на пленарната седница на 27 мај, учесниците на пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО се очекува да ги пречекаат генералниот секретар на НАТО. Јенс Столтенберг, претседателот на Парламентарното собрание на НАТО, Михал Шчерба, заменик-претседателот на Националното Собрание, Росица Кирова, и вршителот на должноста премиер, Димитар Главчев.
На форумот, Собранието треба да ги усвои своите препораки за самитот на НАТО во Вашингтон.
На отворањето на пленарната седница се очекува министерот за одбрана на Украина, Рустем Умеро,в да им пренесе порака на парламентарците преку видео врска.
Шведските парламентарци првпат ќе учествуваат во работата на пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО, во Софија, откако земјата стана полноправна членка на Алијансата. На форумот е предвидено да зборува претседателот на Парламентот на Шведска, Андреас Норлен.
На состанокот во Софија, парламентарците од земјите-членки на НАТО ќе разговараат и ќе донесат одлуки за барањата на Малта и на Косово да станат делегации на придружните членки. Меѓу темите на форумот ќе бидат предизвиците во земјите од Западен Балкан, заедно со стратегиите за поддршка на партнерите во ризик и зајакнување на ангажманот со Глобалниот југ.