More

    Реална е заканата за употреба на оружје за масовно уништување

    Руската инвазија на Украина ја зголеми заканата од употреба на оружје за масовно уништување, вклучително и хемиско оружје, изјави денеска шефот на Организацијата за забрана на хемиско оружје – ОПЦВ (OPCW), Фернандо Аријас.

    На годишниот состанок на ОПЦВ, тој додаде дека Организацијата внимателно ја следи ситуацијата во Украина.
    – Ситуацијата во Украина повторно ја зголеми реалната закана од оружје за масовно уништување, вклучително и хемиско оружје – рече Ариас на состанокот во седиштето на организацијата во Хаг, нагласувајќи ја важноста на единството на меѓународната заедница во соочувањето со заедничките глобални предизвици поврзани со мирот и безбедноста.

    Аријас ги потсети Русија и Украина дека се меѓу 193 земји кои „свечено и доброволно се обврзаа дека никогаш, под никакви околности, нема да развиваат, произведуваат, набавуваат, складираат, транспортираат или користат хемиско оружје“.

    Тој потсети дека ОПЦВ ѝ обезбеди на Украина, на нејзино барање, обука на луѓе за итна интервенција во случај на хемиски напади.

    Фото: pixabay.com

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img