More

    Реализиран 97,81 отсто од годишниот план за производство на АД ЕСМ

    spot_img

    Производството на електрична енергија на АД ЕСМ се одвива според планот за производство за 2022 година. Од вкупно планираните 4.259 гигават часови електрична енергија заклучно со 13 декември годинава се реализирани 97,81 отсто со што производството во овој период е зголемено за 25 проценти во споредба со истиот период лани, информира генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски.

    – Производството на електрична енергија од АД ЕСМ е стабилно и во пораст, а се намалува набавката на енергија. Набавената количина е наменета исклучиво за дополнителните снабдувања по одлуки на Владата кои беа пред се донесени како енергетски мерки, додека домаќинствата и малите потрошувачи се задоволуваат исклучиво од сопствено производство – рече Ковачевски на денешната прес-конференција.

    Во октомври, како што рече, поради топлото време не се вршеа набавки, во ноември има малку зголемена набавка од планираната, а во декември се очекува да се исполни планираниот дел на набавките.

    – Од јануари до 13 декември годинава АД ЕСМ од Владата доби 141 милион евра како поддршка по основ на задолженијата за задоволување на 100 проценти од потребите на ЕВН Хоум за електрична енергија, за техничките загуби на дистрибутивниот систем на Електродистрибуција и техничките загуби за преносниот систем на МЕПСО плус за снабдување на училиштата, јавните водоводни претпријатија и прехранбената индустрија со електрична енергија по повластена цена преку ЕСМ Продажба – рече Ковачевски.

    Нагласи дека за таа намена вкупно биле планирани 275 милиони евра како буџетска поддршка на компанијата и додаде дека до крајот на годината најверојатно ќе им бидат префрлени уште 25 милиони евра што значи дека ќе се потрошат за 100 милиони евра помалку од планираните.

    – Согласно планот за производство за 2023 година ЕСМ со истите капацитети како сега треба да произведе 5.045 гигават часови електрична енергија или за 20 отсто повеќе отколку годинава. Тоа значи дека пред нас е уште еден предизвик – посочи Ковачевски.

    Во моментов, како што рече, АД ЕСМ работи со сите капацитети во полн погон, освен блок 3 во РЕК Битола, каде се очекува во наредните три до четири дена да пристигне јадрото на трансформаторот од пристаништето во Солун. Најголем дел од другите делови од трансформаторот се веќе пристигнати во РЕК Битола и се монтираат. Се очекува за 10 до 15 дена комплетно да биде монтиран трансформаторот и блокот да биде ставен во функција. За РЕК Битола се набавени 600.00 тони јаглен, а привршува постапката за обезбедување јаглен и за РЕК Осломеј.

    – ТЕЦ Неготино работи со два котли и планирано е да произведува со максимален капацитет до 30 април. Мазут за работа на термоелектраната е обезбеден за до крајот на грејната сезона – рече Ковачевски и додаде дека во функција се и сите 524 мегавати во хидропотенцијал, 36-те мегавати во Ветерниот парк Богданци и 24-те мегавати во Когел.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img