Реал Мадрид привремено ќе престане да одржува концерти на реновираниот стадион „Сантијаго Бернабеу“, откако соседите се пожалија на силна бучава, соопшти шпанскиот клуб.
Фудбалскиот клуб објави дека три концерти на шпански поп-уметници ќе бидат одложени од ноември за декември, додека корејското музичко шоу „Мјузик бенк“, што требаше да се одржи на 12 октомври, е откажано.
Одлуката уследи по неколку објави во локалните медиуми од жители кои живеат во близина на стадионот и се пожалија на бучавата која доаѓа до нивните домови за време на концертите.
Во соопштението на клубот се вели дека „оваа одлука е дел од групата мерки преземени од клубот за да се осигура дека општинските прописи строго се почитуваат за време на концертите“.