Реакции од целиот свет за атентатот на Абе

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Поранешниот премиер на Јапонија, Шинѕо Абе денеска им подлегна на повредите откако беше застрелан додека држеше говор за време на предизборна кампања во градот Нара, соопшти неговата Либерално демократска партија.

Поранешниот припадник на јапонската морнарица, Тацуја Јамагами двапати пукаше во Абе. Јамагами веднаш е приведен.

Абе не покажувал знаци на живот кога бил префрлен во болница.

По веста за атентатот врз Абе светските лидери го осудија нападот.

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека е згрозен и тажен поради нападот врз Абе.

Нападот го потресе и индискиот премиер Нарендра Моди, кој се огласи на Твитер.

– Нашите мисли и молитви се со него, со неговото семејство и јапонскиот народ – напиша Моди.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп истакна оти станува збор за поразувачка вест.

Поранешниот австралискиот премиер, Скот Морисон, кој беше на должност истиот период како и Абе, напиша дека тој е голем пријател на Австралија.

- Advertisement -
Ad image

– Тој е еден од најважните светски лидери од ерата по војната. Во овој тежок момент, нашите молитви се со него, со неговата сопруга Аки и со јапонскиот народ – напиша Морисон.

Претседателката на Тајван, Тцаи Инг-вен го осуди нападот на Абе преку Фејсбук истакнувајќи дека тој е нејзин добар пријател.

Жалење изрази и мексиканскиот министер за надворешни работи, Марсело Ебрард, изразувајќи надеж дека Абе ќе закрепне.

- Advertisement -
Ad image

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн била длабоко шокирана кога слушнала за пукањето.

– Беше еден од првите водачи, кои ги запознав кога станав премиерка. Беше длабоко предан на својата улога, но и великодушен и љубезен. Моите мисли се со неговата сопруга и со јапонскиот народ. Ваквите случаи нè потресуваат сите нас до сржта – напиша Ардерн.

Ова е шок и за генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

– Моите мисли се со него и со неговото семејство. НАТО стои со народот на нашиот близок партнер, Јапонија – нагласи Столтенберг.

Шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен упати порака за жалење по настанот со Абе.

Според претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, Абе беше „вистински пријател и бестрашен бранител на мултилатералниот поредок и демократските вредности“.

Тој додаде дека ЕУ е со народот на Јапонија.

Share This Article