Австрискиот претседател, Александар ван дер Белен, изрази разбирање за одлуката на австриската Влада за привремено реактивирање на електраната на јаглен, но кажа дека тоа е само интервенција поради кризата.
– Мора да биде јасно дека ова е само интервенција во кризата врз основа на моменталната ситуација – рече Ван дер Белен во изјава за АПА.
Според него, руската војна против Украина во основа ги забрза напорите за напуштање на фосилните горива.
– Сепак, неколку земји, вклучувајќи ги Австрија и Германија, се соочуваат со големи проблеми на краток и среден рок – рече тој за големата зависност на двете земји од рускиот гас и нафта.
Ван дер Белен рече дека тоа е краткорочно и дека мора да се инсистира на зборот, можеби различни земји ќе имаат потреба да се префрлат на фосилни горива, од кои се имаа откажано, за централите да се заменат на гас или нафта.