More

    Разрешените членови на Историската комисија обвинуваат дека политичарите ги злоупотребиле

    spot_img

    „Работата во историската комисијата, која е експертско, а не политичко тело, за нас беше можност да се помогне во надминување на проблемите кои постојат помеѓу двете држави, но, заради документите усвоени од страна на Владата во Софија (рамковната позиција и објаснувачкиот меморандум), неодговорното однесување на политичарите во двете држави, како и поради неодговорните и политизирани изјави на некои од колегите во бугарскиот дел од Комисијата и политички мотивираното заминување на новиот копретседател од македонска страна, таа беше злоупотребена за политички и партиски цели и интереси во двете земји“, се вели во отвореното писмо на членовите од македонска страна во Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, кои неодамна беа разрешени од Владата.

    „Во јавноста се наметна уверувањето дека Комисијата треба да биде тело во одбрана на ‘националните интереси“, докажување на ‘историски вистини’ и решавање на историографски прашања. Идејата дека Комисијата преку позитивните примери на слични комисии во Европа треба да помогне да се дојде до ослободување на наставата по историја од идеолошки и националистички влијанија кои очигледно ги држат во заложништво граѓаните и граѓанките на двете држави, беше целосно игнорирана. Дел од политичарите и од интелектуалците, а посебно историчарите, од лукративни и политички причини, но и од незнаење, ја прифатија реториката и пристапот на бугарската страна со што во јавноста, без никакви аргументи, беше наметнат впечаток дека Комисијата дискутира за идентитетот и дека прави ревизија на македонската историографија. На тој начин, нашето општество наивно влезе во стапицата на националистите во Бугарија и нивната намера да наметне дискусија за овие прашања низ призма на политички интереси. Со тоа, всушност, ја пропуштаме шансата да се отвори сериозна академска дебата во која ќе може отворено да дискутираме за минатото и надвор од влијанијата на политички групи кои изминатите децении профитираа од злоупотреба на историјата. Да се дебатира отворено е очигледно тешко за дел од македонската интелектуална јавност“ се вели во соопштението до јавноста.

    Во минатото, се додава, Комисијата беше постојана мета на политички мотивирани напади од бројни медиуми и политички партии и нејзината работа беше искористена за остварување политички цели. Според поранешните членови, нападите продолжиле до денес, и тоа од страна на премиерот и министерот за надворешни работи, кои со своите неодамнешни изјави испратиле порака дека „историјата и науката ќе бидат во служба на политичките позиции на Владата, а не на научните и академски принципи“.

    „Тоа е позиција која ја посакува токму официјална Софија, односно за историјата да се дискутира низ призма на политиката, а притоа сета одговорност за таквиот пристап да е на македонска страна“, се вели во соопштението.

    Поранешните членови на комисијата предлагаат промена на методологијата во работата и вклучување експерти од УНЕСКО, Советот на Европа или ОБСЕ, за да се „создадат услови негативните политички влијанија да се тргнат настрана од работата на Комисијата.“

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img