Разорен земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди Јапонија, јавува EMSC.
Епицентарот бил во близина на островот Кјушу.
Јапонските власти издадоа предупредување за цунами, а на социјалните мрежи се појавија првите видеа.
На едно видео снимено во куглана се гледа како се тресе внатре – столици, монитори, додека луѓето се обидуваат да се сокријат под масите.
На друго видео се гледа како работите паѓаат од полиците, додека шишињата се скршени и истурени на подот.
Не се знае дали има повредени и колкава е материјалната штета.