Ќерката на фолк пејачката Светланата Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, со емотивни зборови му го честиташе роденденот на својот сопруг, српскиот фудбалер Немања Гудељ.
Имено, Анастасија на својот инстаграм-профил објави видео направено од нивните најубави спомени.
„Среќен роденден Бубо! Те сакам неописливо! Господ нека те чува и нека го благослови секој чекор во животот. Секогаш ќе бидам покрај тебе и ќе те поддржувам до крајот на животот“, напишала Анастасија во описот на објавата.
Да потсетиме, Анастасија и Немања се венчаа во јули минатата година во манастирот Рајиновац.
Анастасија на црковната венчавка блесна во бел фустан, а кума ѝ беше долгогодишната пријателка и актерка Тара Милутиновиќ.
Двојката живее во Шпанија, а Анастасија во една прилика раскажа како морала да го научи нивниот јазик поради живеењето во Севиља.
Анастасија неодамна престојуваше накратко во Белград, инаку со Немања живее во Севиља.