Разбрав за оштетувањето на венците, секогаш ќе има провокатори

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Премиерот на Бугарија Кирил Петков во изјава за бугарските новинари кои известуваа за неговата посета на Белград, рече дека имал телефонски разговор со македонскиот колега Димитар Ковачевски.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков коментирајќи оштетувањето на венците што бугарската делегација ги положи на гробот на Гоце Делчев во Скопје, кажа дека секогаш ќе има провокатори.

Петков очекува да има нулта толеранција за провокации и верува дека тоа никако нема да ја намали брзината или да ги спречи започнатите заеднички активности.

– Ние имаме заедничка цел, а тоа е добрососедството и добри билатерални односи – истакна бугарскиот премиер Кирил Петков.

Инаку, на денот на обележувањето на 150-годишнината од раѓањето на нашиот најистакнат револуционер Гоце Делчев, членови на навивачки групи на нецивилизиран начин ги отстранувале лентите од венците кои беа положени од страна на бугарските официјални претставници за време на оддавањето почит на гробот.

Share This Article
Leave a Comment

Leave a Reply