More

    Разбиена мрежа на трговци со антиквитети на Крит, уапсени шест лица

    spot_img

    Шест лица се уапсени на грчкиот остров Крит во рамки на разбивањето на мрежата за трговија со антиквитети, а се запленети и бројни предмети чија вредност се проценува на еден милион евра, соопшти грчката полиција.

    Уапсени се шефовите на мрежата, а се трага по уште три лица, се вели во соопштението на полицијата.

    Групата е обвинета за поседување оружје и поседување и трговија со антиквитети, изјави истиот извор.

    Меѓу уапсените е и Италијанец кој во неделата пристигнал во Ираклион, главниот град на Крит, каде што го пречекале пет Грци кои го однеле во блиската земјоделска област каде што се наоѓаат антиквитети, објави јавната телевизија Ерт.

    Во полициската акција запленети се седум гробни урни, кои датираат од 1400 до 1300 година пред нашата ера, како и 88 вазни од истиот период и палеолитот, соопшти полицијата.

    „Пронајдените антиквитети се особено ретки и нивната вредност се проценува на повеќе од еден милион евра“, соопшти полицијата која запленила и три ловечки пушки, еден пиштол и муниција од различен калибар, како компјутер и дискови.

    Полициската истрага продолжува за да се утврди степенот на криминалните активности на мрежата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img