Расте извозот ,но и бројот на вработени во фирмите во технолошко-индустриските зони, информира Дирекцијата на ТИРЗ.
За 7 месеци компаниите во зоните за 7 месеци оствариле извозот речиси 2 милијарди евра, што е највисок во последниве четири години. Само во јули компаниите во ТИРЗ имаат извоз од 280.000.000 евра што е за 25% повеќе од јули минатата година.
-Извозот во периодот од јануари до јули е за 13% повисок во однос на истиот период во 2021 односно 77% повисок во однос на 2020 и 23% и 47% повисок споредено со 2019 односно 2018 година – велат оттаму.
И на страна на увозот во зоните е направен висок пораст. Увезени се стоки во вредност од 1,83 милијарди евра, за 7 месеци што е за 4% повеќе во однос на увозот од јануари до јули во 2021 година.
Месечниот увоз во ТИРЗ во јули достигна 230 милиони евра и е на речиси исто ниво со јули 2021 година. Заклучно со јули и нето извозот е 9%.
– И покрај глобалните политичко економски случувања се очекува ваквиот тренд да продолжи до крајот на годинава со што според проценките извозот може да го надмине минатогодишното рекордно ниво од 3 милијарди евра извоз годишно – велат од Дирекцијата.
Од дирекцијата информриаат дека бројот на вработни во технолошко-индустрисите зони во земјава во јуни е зголемен за 6 отсто во однос на ланскиот јули и изнесува 15.085.
– Само за еден месец во компаниите во зоните се отворени речиси 100 нови работни места, со што заклучно со јули, од почетокот на годинава во компаниите во ТИРЗ се реализирани над 1.100 нови вработувања.Со ова вкупниот број на вработени во јули порасна и достигна 15.085, што е за 6% повеќе споредено со јули минатата година, односно за 14,5% повеќе во однос на јули 2020 година – информираат од Дирекцијата.
Очекувањата, базирани на анализи, се дека трендот на пораст на вработувањата во компаниите странски инвеститори во зоните ќе продолжи.
– Ова е резултат на инвестициите постигнати изминатата година со кои се предвидува отворање на над 2.700 работни места во следниве години – појаснуваат од Дирекцијата.
Компаниите во зоните за 7 месеци оствариле извозот речиси 2 милијарди евра, што е највисок во последниве четири години.Само во јули компаниите во ТИРЗ имаат извоз од 280.000.000 евра што е за 25% повеќе од јули минатата година.
-Извозот во периодот од јануари до јули е за 13% повисок во однос на истиот период во 2021 односно 77% повисок во однос на 2020 и 23% и 47% повисок споредено со 2019 односно 2018 година- велат оттаму.