БРИКС, економскиот сојуз меѓу Русија, Белорусија, Кина, Бразил и Јужна Америка може да добие член. Во „џебното НАТО“ на Путин, како што некои го нарекуваат, аплицираше Иран. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Саид Хатибзадех изрази надеж дека членството на земјата во БРИКС ќе донесе „дополнителни придобивки“ за сите страни.
Во исто време, портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, објави дека и Аргентина поднела барање за членство во БРИКС.
Но, аргентинските власти сè уште не ја потврдиле или демантирале кандидатурата.