More

    Расте бројот на жртви во Мека, по мрежите кружат шокантни снимки

    spot_img

    Бројот на загинати на овогодинешниот аџилак во Мека надмина 1.000, а повеќе од половина од нив се нерегистрирани аџии кои го направија аџилакот на екстремни жештини во Саудиска Арабија.

    Аџилакот, чие време е одредено според лунарниот исламски календар, оваа година се одржува за време на жешкото саудиско лето.

    Националниот метеоролошки центар објави 51,8 Целзиусови степени  претходно оваа недела во Големата џамија во Мека.

    Огромна толпа се формираше во областа Мека, бидејќи околу 1,8 милиони муслимани се собраа на овој настан.

    На социјалните мрежи се појавија фотографии и видеа од аџии кои се разболеле и оние кои им подлегнале на големите горештини.

    Во шокантното видео споделено на социјалните мрежи, може да се види автомобил кој носи многу покриени трупови за да бидат погребани.

    Да потсетиме, аџилакот во градот Мека во Саудиска Арабија е задолжителен за сите муслимани кои барем еднаш во животот треба да одат на аџилак, доколку тоа го дозволуваат нивните здравствени и финансиски услови.

    Дозволите за Мека се доделуваат врз основа на квоти по земја.

    Саудиските власти ги советуваа аџиите да користат чадори, да пијат многу вода и да избегнуваат изложување на сонце во најжешките часови од денот. Но, многу ритуали, вклучително и молитвата на планината Арафат што се одржа во саботата, вклучуваат поминување неколку часа на отворено во текот на денот.

     

     

    На аџилакот годинава учествувале околу 1,8 милиони аџии, од кои 1,6 милиони се од странство, покажуваат податоците на саудиските власти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img