Расте бројот на жртви во експлозијата во Бугарија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Почина девојката која беше повредена во пожар при експлозијата во магацинот за пиротехника во близина на бугарскиот град Елин Пелин, недалеку од Софија, јавија бугарските медиуми.

Екплозијата се случи во четвртокот, а тогаш почина нејзиниот 49-годишен татко.

Девоката имала 20 години и како што информира од болницата Пирогов, и покрај укажаната лекарска помош, девојчето кое имало изгореници на 85% од телото, им подлегнало на повредите.

Ситуацијата во селото Гара Елин Пелин е значително помирна, пишува бугарскиот портал Новини. Веќе вчера луѓето се вратија во своите домови. Во моментов не се слушаат експлозии.

Share This Article