17-годишно момче од Србија загинало утринава околу 3 часот кога паднало од покрив на автомобил во движење, дознава Танјуг.
Возилото „пежо“ го управувал уште еден 17-годишен малолетник, а сопатникот се качил на покривот од автомобилот и при кочење паднал на коловозот.
Несреќата се случила во општина Бараево, Србија.
Малолетниот возач е изведен пред обвинител за малолетници.