Расте бројот на компании и граѓани кои доцнат со ратите на кредитите

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во првата половина од годинава банките „тријат раце“, профитот на ниво на банкарскиот сектор е зголемен за фантастични 35,3% во споредба со истиот период лани. Од друга страна овој раст на добивката не е засенет од растот на нефункционалните кредити на фирмите и на граѓаните. Само по основ на потрошувачки и на станбени кредити на крајот од август граѓаните должеле 3.200.000 евра, објави Порталб мк.

За само три месеци, или во вториот квартал од годинава, салдото на нефункционални кредити и на фирмите и на граѓаните, е зголемено за 6,8 милиони евра или за 3,5%. Во вкупните нефункционални кредити доминираат оние на компаниите – уделот на крајот од првиот економски квартал се зголеми до ниво од 65,3%.

Зголемувањето на нефункционалните кредити е присутно кај повеќе индустрии како текстилниот сектор, трговијата, градежништвото. Во вториот квартал нефункционалните кредити во текстилна индустрија се зголемиле за 145,8%, во трговијата на големо и мало за 6,6%, во градежништвото за 5,1% ,а во хемиската индустрија растот е од 25,7%

„Зголемувањето на нефункционалните кредити е присутно кај повеќето економски дејности, а е најзначајно кај „текстилната индустрија“, 3 600 000 евра 145,8%. Високата квартална стапка на раст на нефункционалните кредити кај секторот „индустрија“, речиси во целост е определена од нефункционалноста изложеност кон една компанија од текстилната индустрија. Наспроти тоа, намалување на нефункционалните кредити има кај дејноста „транспорт и складирање“, услужниот сектор и кај останатата преработувачка индустрија“ – се наведува во новата анализа на НБМ за банкарскиот сектор во земјава.

Според податоците на Народната банка, во првата половина од годинава, стапката на нефункционални кредити забележа раст од  2,9%. Кај фирмите тој раст е од 3,9%, а нефункционални кредити на граѓани забележаа раст од 1,9%

Во вториот квартал нефункционалните кредити на претпријатијата се зголемиле за 4,1%. Од друга страна, поради инфлациските притисоци кои влијаат врз економскиот амбиент компаниите воздржано се задолжуваат со нови кредити. Во август, на месечно ниво е забележан пад на кредитите за компаниите за 0,3%.

Граѓаните најмногу се задолжени по основ на потрошувачки и на станбени кредити – токму и по овој основ е најголемиот раст на нефункционални кредити во апсолутен износ. Новите анализи за банкарските ризици покажуваат дека во вториот квартал од годинава нефункционалните кредити на домаќинствата се зголемиле за 3,1% или за нови 2 061 000 евра.

Квартално зголемување на нефункционални кредити кај компаниите е во вкупен износ од  6,800 милиони евра, а кај домаќинства 2.061 милиони евра. Најголем процентуален раст на квартално ниво има кај нефункционалните кредити за купување на стан и деловен простор за 7,5%. Кај потрошувачки кредити  растот е од 3,3%, кај негативни салда на платежни сметки од 3,8%, а кај  купувањето стан и деловен простор забележан е радт од 7,5%.

„Показателите за ликвидност на банкарскиот сектор се на задоволително ниво, солвентноста бележи подобрување, кредитното портфолио го задржа квалитетот“, оценува Народната банка.

- Advertisement -
Ad image

Во вториот квартал од годинава во споредба со истиот период лани добивката на банките е зголемена за дури 35,3%.

„Зголемената добивка најмногу произлегува од растот на нето каматните приходи, а извесен придонес имаше и зголемувањето на нето-приходите од провизии“ се нотира во извештајот.

Со серијата на потези на НБМ за затегнување на монетарната политика банките изминатиот период освен што ги зголемија каматите за кредитите ги поскапеа и провизиите. Според најновите податоци на крајот на август вкупната кредитна изложеност изнесува 7, 056 милијарди  евра со годишна стапка на раст од 6,4%. Само по основ на потрошувачки кредити граѓаните должат скоро 1.9 милиони евра а за станбени кредити 1, 307 милиони евра.

- Advertisement -
Ad image

На ниво на целиот банкарски сектор нефункционалните кредити се на ниво од 2,9%.

Share This Article