More

    Раст на платите во јавната администрација се предвидени за идната година

    spot_img

    Раст на платите во јавната администрација се предвидени за идната година, во тек е подготовка на работна верзија која наредниот ќе треба да ги помине сите процедури, најави премиерот Христијан Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на нова спортска сала во подрачното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“.

    Повисоки плати ќе има и во образованието и во други институции, долговите се враќаат, рече претседедаелот на Владата, одговарајќи на новинарски прашања.

    – Ќе има, предвидено е и тоа во рамките на буџетот имаме една работна верзија којашто ја досредуваме во периодот којшто следи, оваа недела и почетокот на следната би требало да ја доуредиме. И очекувам веќе следната недела да се најде на владина седница оваа предлог верзија на буџетот за следната година, па потоа нормално како што е редот и процедурите да се најде пред пратениците во македонското собрание. Така што предвидени се раст на платите и во рамките на образованието и во други институции во зависност од можностите. Очекувам консолидирањето да заврши до крајот на годината, веќе голем дел од долговите полека, но сигурно се враќаат. Полека, сметката на Владата излегува од она негативно салдо коешто го наследивме – изјави Мицкоски.

    Тој потсети дека сметката на Владата на 24 јуни годинава била околу минус дванаесет милијарди денари, минус 200 милиони евра и сега како што посочи се приближува кон позитивна нула и се очекува од октомври да биде во плус, бидејќи дел од долговите се враќаат и заборавените обврски се исполнуваат.

    – Можам да ви кажам еве денеска, пред да дојдам тука, имав состанок со директорот на поранешна ЕЛЕМ, денешна ЕСМ, каде долгувањата се некаде околу пет милијарди. Некако ова петка им станувала заштитен знак, пет милијарди долг за пензионерите, пет милијарди во Фондот за здравство, пет милијарди во ЕСМ итн., итн. Долгови се таложеле, пари се калапеле во приватни џебови. Отприлика, тоа е реалноста што ја наследивме. Но, нема кукање, нема жалење, затоа ја добивме довербата од граѓаните жестоко да работиме и да излеземе од ова мочуриште коешто го наследивме и конечно да влеземе во процес на развој и на проекти – рече премиерот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img