More

    Распоред на шестиот ден на еврото: Почнува второто коло, важен натпревар меѓу Хрватска и Албанија, Германците супериорно ги пречекуваат Унгарците

    spot_img

    На шестиот ден од ЕВРО 2024 започнува вториот круг од групните натпреварувања. Ќе се одиграат три натпревари, а на теренот ќе бидат репрезентациите на Хрватска, Германија, Швајцарија, Шкотска, Унгарија и Албанија.

    Првиот круг заврши. Некои тимови се задоволни, некои ја имаат чашата полуполна, некои полупразна, а некои се апсолутно незадоволни. Во таа последна група се Хрватите, освојувачи на медали на последните две светски првенства.

    Избраниците на Златко Далиќ беа поразени во првото коло од Шпанија со 3:0. Тој резултат го стави мечот над главата на селекцијата која сега има императив да победи против Албанија. И тој дуел ја отвора програмата на шестиот ден.

    Натпреварот меѓу Хрватска и Албанија започнува во 15 часот. А сцената на дуелот е стадионот Фолкспарк во Хамбург. По тој дуел на програмата се натпреварите од групата А.

    По убедливата победа, најубедливата од сите селекции во првото коло, домаќинот Германија ја пречекува Унгарија. Унгарците претрпеа пораз од Швајцарија и сега мораат да се „извадат“. Местото на дуелот кој започнува во 18 часот е МХП Арената во Штутгарт.

    Програмата ја затвораат Шкотска и Швајцарија. Швајцарците имаат шанса со уште една победа, а можеби и нерешено да ја обезбедат втората фаза. Од друга страна, Шкотска беше убедливо поразена во првото коло, многумина ја прогласија за најлоша репрезентација на турнирот. Натпреварот против Швајцарија е добра можност да ги демантираат тие оценки, а воедно да постигнат резултат кој ќе ги остави во игра за пласман во осминафиналето.

    Натпреварот се игра од 21 часот на стадионот Рајн Енерџи во Келн.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img