Распаднато тело испливало на пристаниште на десетина километри од куќата на мајката на Брајан Волш, сопругот на исчезната Србинка Ана Волш кој е осомничен за нејзиното убиство

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Распаднато тело испливало на пристаниште на десетина километри од куќата на мајката на Брајан Волш, сопругот на исчезната Србинка Ана Волш кој е осомничен за нејзиното убиство, јавуваа српските медиуми. На телото бил пронајден и шал. Во моментов нема инфорамација дали се работи за машко или за женско.

Жената која го нашла телото живее во куќа на плажата Марблхед, а го здогледала вчера шетајќи го своето куче околу 16 часот.

„Телото е речиси распаднато, очигледно е дека било во вода долго време “, објавија локалните медиуми, цитирајќи полициски службеници.

Да потсетиме, Ана Волш исчезна на 1 јануари. Нејзиниот сопруг Брајан Волш е обвинет дека ја убил во подрумот на нивниот дом. После тоа, според обвинението, го распарчил нејзиното тело  и го фрлил во најмалку две депонии лоцирани во близина на куќата на неговата мајка.

Брајан бил снимен од сигурносни камери во близина на местот каде живее мајка му. Тој го возел нејзиниот црвен автомобил, веројатно за да ги прикре трагите.

Share This Article