Андреа го носи презимето Поцрња, кое потекнува најмногу од Централна Босна.
Дејн Рашфорд, братот и агент на Маркус Рашфорд, е приведен во полиција по инцидентот со неговата девојка Андреа Поцрња.
Дејн бил на одмор со својата 31-годишна девојка во Мајами, кога наводно ја претепал откако ја видел како разменува пораки со неименуван играч од Премиер лигата.
Англиските медиуми пишуваат дека парот имал проблеми во врската, а заедно имаат едногодишна ќерка. Персоналот на хотелот во Мајами повикал полиција откако Андреа наводно ја напуштила својата соба со крвав нос.
„Маркус имаше тежок период во кариерата и за тоа придонесоа работите од неговиот личен живот. Се разведува од вереницата Лусија, а сега ова“, пишува The Sun.