Расчистено разбојништво во Куманово, кривична пријава и притвор против три лица

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На 22.07.2022 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал во координација и соработка со СВР-ОКП Куманово, СВР Скопје, ЕВР Аеродром и Драчево и ЕВР Чаир, по преземени мерки и активности, расчистија кривично дело „разбојништво“ извршено на 23.02.2022 во Куманово, при што од едно лице биле одземени 3.745.000 денари во различни валути, а СВР Куманово против три лица поднесе кривична пријава по чл.237 од Кривичниот законик.
Имено, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело “разбојништво” до ОЈО Куманово е поднесена кривична пријава против М.Р.(25), С.Р.(28) и Ш.Р.(19), сите од с.Студеничани, скопско.
Притоа, во текот на активностите од страна на полициските службеници беа извршени претреси на четири локации во домовите на три лица, при што биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело. Од страна на судија од Основен суд Куманово на пријавените лица им е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена.

Share This Article