Раперката тврди дека пукала во самоодбрана

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Американската раперка Кевани Камила Хикс која беше фатена на камера како фатално пука во нејзиниот менаџер во населбата Вајнвуд во Мајами минатиот месец, а потоа беше уапсена за убиство, сега е ослободена од затвор.

Кевани Камила Хикс, со уметничко име позната Ки Вани, објави изјава на нејзината страница на Инстаграм во понеделникот по објавувањето на веста за ослободувањето од затвор.

„Конечно сум дома откако доживеав нешто толку трауматично и ми се менува животот. Имам 3 скршени ребра и модринки насекаде, па моментално заздравувам и се одморам. Само сакам лично да им се заблагодарам на сите што ме поддржуваат и знаат дека не сум ужасната личност што некои тврдат дека сум. Воопшто не можам да коментирам за случајот, но ве молам сите да продолжите да стоите покрај мене и да ме поддржите во ова трагично време. Ве сакам сите до месечината и назад!“ – напиша пејачката во својата објава.

Хикс (27) беше уапсен под обвинение за убиство од втор степен во пукањето на 9 октомври. Камерата го фатила застрашувачкиот момент кога Кевани испукала повеќе истрели кон својот менаџер по нивната расправија и потоа се обидела да избега, но другиот маж што бил со нив ја прегазува со автомибил. Менаџерот бил пренесен во болница со неколку прострелни рани каде подоцна починал.

Хигс која исто така била повредена, подоцна изјавила дека пукала во самоодбрана. Судијата на неодамнешното рочиште ѝ одреди кауција од 50.000 долари и куќен притвор.

Share This Article