Страшна несреќа се случила денеска околу 15.30 часот на пристаништето на траектот во Мали Лошињ, Хрватска, пишува Јутарњи лист.
Според неофицијални информации, паднала влезната рампа на траектот „Ластово“, при што биле заробени тројца морнари на „Јадролинија“.
Неофицијално Јутарњи лист дознава дека загинале двајца морнари, а еден е тешко повреден.
Полицијата и брзата помош веднаш пристигнале на местото на несреќата, но несреќните морнари не можеле да се спасат.
Станува збор за траект кој во 16 часот требало да исплови кон Задар.