Рама уште еднаш потсети дека во јуни е пресудниот момент за преговорите

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Албанскиот премиер  Еди Рама уште еднаш истакна дека Албанија ќе се „одвои од Северна Македонија доколку формално не се отворат преговорите со ЕУ во јуни“.

– Во случајот со одвојувањето на Албанија од Северна Македонија, одговорот е позитивен: 65 отсто од албанските граѓани кои учествува во националната  анкета. Тоа ќе се случи од наша страна само доколку во јуни формално не се отворат преговорите за Албанија поради Бугарија. До јуни ќе продолжиме да бидеме на линија со Северна Македонија, кога сметаме дека двете земји треба да добијат зелено светло. Ако Бугарија го блокира патот во јуни, ќе бараме да нѐ разделат затоа што е невозможно долго да се соочуваме – изјавил Рама на заедничката пресконференција со германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин.

Според албанските медиуми, Шолц од своја страна ја нагласил важноста на Берлинскиот процес, додавајќи дека е „дојдено време Западен Балкан да се приклучи на ЕУ“.

– Неколку пати го споменав прашањето за членството на Западен Балкан во ЕУ. Верувам дека сега е моментот, дека помина долго време и сега мора да следи следниот чекор. Можам да ве уверам дека со моќта што ја имам и со сета поддршка на федералната влада тоа навистина ќе се случи. Мојот впечаток е дека живееме во ново време и тоа има врска и со руската агресија. Во Европа се зголемува вниманието дека треба да се поддржуваме едни со други. Ќе бидам посветен на сè што го поддржува Берлинскиот проект – изјави Шолц.

Рама, како и многупати до сега рекол дека „Албанија со години е разочарана од Советот на Европа“ но оти и без оглед на одлуката во јуни неговата земја ќе продолжи да ја врши својата работа.

Share This Article