Раководството на компанијата „Оушн Гејт“ преку соопштение потврди дека животот го загубиле сите пет членови на екипажот во подморницата

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Раководството на компанијата „Оушн Гејт“ преку соопштение потврди дека животот го загубиле сите пет членови на екипажот во подморницата.

„Веруваме дека нашиот извршен директор Стоктон Раш, Шахзад Давуд и неговиот син Сулејман Давуд, како и Хамиш Хардинг и Пол-Анри Нарголе, трагично ги загубија животите. Овие луѓе беа вистински истражувачи кои споделуваа авантуристички дух и длабока страст за истражување и зачувување на светските океани. Нашите срца се со тие пет души и со секој член од нивните семејства за време на оваа трагедија. Сочувствуваме со болката за загубата на нивните животи и ја цениме радоста што им ја донесоа на сите што ги познаваа“, се вели во соопштението.

Од компанијата додаваат дека се тажни за овој немил настан, но и дека ја ценат помошта која ја добиле од сите со цел да се пронајдат петте истражувачи.

„Ова е крајно тажно време за нашите посветени вработени кои се исцрпени и споделуваат огромна болка од овие загуби. Целото семејство „Оушн Гејт“ е многу благодарно на безбројните мажи и жени од различни организации во меѓународната заедница кои толку напорно работеа на оваа мисија. Ја цениме нивната посветеност на пронаоѓањето на овие пет истражувачи, како и деновите и ноќите што ги посветија на поддршка на овој персонал и нивните семејства. Ова е многу тажно време за целата истражувачка заедница и за секој член на семејството на оние кои ги загубија своите најблиски на море. Со почит бараме да се почитува приватноста на овие семејства во овој најболен период“,

Трагичниот крај го потврди и американската крајбрежна стража, која наведе дека делови од подморницата се пронајдени во близина на потонатиот брод Титаник.

– Опремата за слетување и задниот капак на исчезнатата подморница беа откриени денеска од роботска подморница со далечинско управување. Тоа би значело дека подморницата доживеала пукнатина и експлодирала под притисок под вода, убивајќи ги петте мажи веднаш – изјави адмиралот Питер Магер.

Експертот за подводни истражувања Пол Ханкен изјави дека досега се пронајдени пет делови од остатоците на „Титан“.

Си-Ен-Ен јавува дека два дела од подморницата биле пронајдени на 3.800 метри под вода, на околу 500 метри од лакот на Титаник.

Официјалните лица сè уште не кажале дали подморницата стигнала до Титаник или дали истражувачите загинале пред да ги видат остатоците. Трупот сè уште не е пронајден, но откриени се два многу важни делови од целиот систем кои немаше да бидат пронајдени доколку подморницата не беше распарчена.

– Полето со остатоци подразбира дека подморницата се распаднала. Знаеме дека ја изгубиле комуникацијата на околу 3.300 метри длабочина… Така што тоа навистина укажува на најлошото сценарио, што е катастрофален неуспех или имплозија. Единствената олеснувачка благодет е тоа што смртта се случила за милисекунди и патниците не знаеја што се случува – изјави претходно експертот за спасување и пријател на двајцата мажи заробени во подморницата, Дејвид Мернс.

Американската крајбрежна стража, да потсетиме, денеска на Твитер објави дека денеска во близина на потонатиот брод „Титаник“ е пронајдено „поле со отпад“. Малата туристичка подморница го испратила последниот сигнал до матичниот брод во неделата, еден час и 45 минути по нуркањето.

Share This Article