Раководството на Баерн Минхен почна преговори за нов договор со фудбалерот од средниот ред Џамал Мусиала

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Раководството на Баерн Минхен почна преговори за нов договор со фудбалерот од средниот ред Џамал Мусиала, објави денеска весникот Спорт Билд.

Според истиот извор, членот на управата на Баерн, Макс Еберл и спортскиот директор Кристоф Фројнд неодамна имале средба со 21-годишната германска ѕвезда и неговиот агент во ресторан за да разговараат за иднината на Мусиала, чиј договор е до 2026 година.

Германскиот весник тврди дека на Мусиала му било кажано дека во него клупското раководство гледа наследник на Томас Милер и оти ќе биде искористен како заштитно лице на клубот на меѓународниот пазар на реклами.

Share This Article