More

    Ракометниот Шекил од Конго на Африканскиот куп на нациите со уште некое кило плус

    spot_img

    Корпулентниот пикер на ракометната репрезентација на Конго, Тјери Готије Мвумби со својата појава стана сензација и на Африканскиот куп на нациите што се одржува во Египет.

     

    „Ракометниот Шек“, прекарот што го доби конгоанскиот пикер по настапот на СП 2021 и пријателството со легендарниот Шекил О’Нил, во меѓувреме качил уште некое кило, па сега на противничките играчи им е уште поголем проблем да го сопрат.

     

    Тиери Готие Мавумби беше вистинска атракција кога прв пат се појави на голема сцена со репрезентацијата на Конго, на Светското ракометно првенство во 2021 година во Египет. Неговата појава, но уште повеќе бројките со кои беше пријавен привлекога внимание воп јавноста и Мавумби често беше на насловните страници. Корпулентниот конгоански ракометар на Сп 2021 официјално беше пријавен со тежина од 89 килограми, сепак тоа подоцна беше коригирано и репрезентативецот на Конго на официјалниот сајт имаше 110 килограми.

     

     

     

    Мвумби е роден во Франција, но одбра да игра за Конго и имаше неколку забележителни настапи на СП 2021. Ракометниот Шек постигна 4 гола против Данска, а против Бахреин беше избран за играч на мечот, иако на теренот мина само девет минути. Вишокот килограми за Мвумби не се пречка да напредува во професионалната кариера. Напротив тој добро знае да ја искористи својата тежина во борба со противниците, а и да профитира од популарноста.

     

    Конгоанскиот ракометар во Франција настапуваше за неколку нисколигаши, а по настапот на СП 2021,  потпиша за Детроит и се пресели во САД, каде го запозна легендарниот Шекил O’Нил и стана ракометен Шек.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img