Ракетен напад на една од најголемите термоцентрали во Украина

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Една од најголемите електрани во Украина е уништена во силен руски ракетен напад, јави Скај њуз. Како што пренесува украински Интерфакс, повикувајќи се на висок функционер во електроиндустријата, целосно е уништена термоцентралата Трпилска.

Електраната се наоѓа недалеку од Киев, главниот град на Украина, и произведува околу 57% од енергијата потребна за снабдување на регионот Киев со електрична енергија.

Рускиот ракетен напад беше извршен рано утринава со ракети и беспилотни летала, а цел на руските сили беше украинската енергетска инфраструктура.

Од „Центренерго“, компанијата која управува со термоцентралата, изјавија дека централата е „целосно онеспособена“, додавајќи дека нема смртни случаи меѓу работниците кои биле на смена за време на нападот.

-Размерите на уништувањето се застрашувачки –  рече Андреј Гота, претседател на Надзорниот одбор.

 

Share This Article